Емил Павлов ќе настапи на Премиер лигата во Египет

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов на Карате 1 Премиер лигата во Каиро, Египет, од 27 до 29 јануари.

На Премиер лигата настапуваат најдобрите каратисти во светот, а во категоријата до 67 килограми, во која ќе настапи Павлов, ќе има 31 каратист. На ова издание од Премиер лигата ќе настапат 425 натпреварувачи од 61 држава.

Павлов и тренерот Жарко Арсовски се единстевните македонски претставници во Египет. Емил брка директен пласман за Европските игри во Полска во јуни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON