Освојувачот на сребрениот медал во Салзбург на Карате 1 Премиер лигата, Емил Павлов, најави дека е во добра форма пред Европското првенство во Монпелје-Франција.
„Задоволен сум од тоа што го постигнав на сите критериумски турнири. Најпрво бев прв на Државното првенство,.потоа прв на Балканското, а потфрлив само на Светскиот куп во Лашко, кога загубив во првото коло од репрезентативецот на Украина. Но, на последниот турнир, односно Премиер лигата во Салзбург го освоив второто место, каде што конкуренцијата беше многу силна. Имав четири победи и еден пораз. Во второто коло со убедливи 6-0 му се реванширав на Украинецот за поразот од Лашко. Во финалето загубив од србинот Марко Антиќ. Можам да кажам дека од цел натпревар само финалето го одработив лошо, затоа и загубив…Се надевам дека овој континуитет на добри резултати ќе го продолжам и на престојното Европско првенство“, истакнува Емил Павлов од КК Штип.
Карате 1 Премиер лига – Слазбург
Во финалето на категоријата до 60 килограми Павлов загуби со 3-0 од Марко Антиќ од Србија. До финалето тој беше подобар од Лоренцо Парадизо (Сан Марино) 1-0, Олех Филипович (Украина) 6-0, Јаник Фаес (Швајцарија) 4-0, Анџело Крешенцо (Италија) 1-0.
Борбата на Павлов е на 3:00.
Ipon.mk/В. Д.