Каратистот Емил Павлов ќе го носи знамето на свеченото отворање на првите Европски игри во Баку, Азребејџан, вели шефот на нашата делегација Владимир Богоевски, кој објаснува дека Павлов ја заслужил оваа почест како поранешен европски првак.
Македонија на Европските игри ќе ја претставуваат 45 спортисти, но дале можеше да отпатува уште некој спортист, според МОК не можело. Бидејќи правилата на ЕИ не дозволуваат сите спортисти да патуваат заедно, туку два дена пред натпреварите, во првиот дел од експедицијата ќе патуваат 18 луѓе, меѓу нив се каратистите, борачите и претставникот во кану.
-Немаше можност да се прошири листата. Сакавме да пратиме уште еден спортист во багминтон, но бидејќи турнирот ќе биде квалификации за Олимписките игри 2016 во Рио, таа можност отпадна, – истакнува Богоевски од МОК.
Покрај спортистите и тренерите во Баку ќе патува и еден физеотерапевт. Богоевски истакнува дека МОК не може да има увид во формата на нашите спортисти, затоа што тоа е одговорност на федерациите и тренерите на репрезентациите, тој само ги плаќа подговките.
Сепак, кај борачите е специфична ситауцијата, под раководство на селекторот Лулзим Вранези една група се подговуваше во Бугарија, додека втората, односно Халил Зубаиров и Тимур Хамикоев во Русија.
-Таму имаме европски медалист. Ние имаме потполна доверба во тренерскиот тим и сме сигурни дека таму имаат добри спаринг партнери, така што ни одговара да бидат таму,- потенцира шефот на делегацијата.
Нашите шанси за медали Богоевски ги гледа во борењето и каратето, затоа што имаме носители на европски медали, додека борачите се стипендисти на МОК и од нив се очекува да обезбедат норми за ОИ 2016 во Рио.
Од друга страна, тие што ќе освојат медали засега не се влезени во Правилникот за наградување на Агенцијата за млади и спорт, иако ова е врно натпреварување, пред се турнирите во карате и борење, што на некој начин е дестимулирачко за спортистите.
Според претставникот на МОК, нив не ги консултирале за тоа, а АСМ ќе мора да најде решение.
Дали имаше можност младата џудистка Блерина Сефери, која зема герамнско државјанство, МОК да ја предомисли и да настапува за Македонија, бидејќи се работи за квалитетна натпреварувачка, која беше балкански првак и имаше најдобри резултати од сите наши џудисти? Така, покрај Катерина Николовска ќе имамвме уште еден претставник, кој е перспективен.
-Тоа не е проблем на МОК, туку на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ). Како што разбравме, таму има подобри услови за работа и таму ќе настапува, – рече Богоевски.
ipon.mk/В.Д.