Емил Павлов и Ангела Мојсовска се најдобрите каратисти за 2021

Светскиот вицешампион Емил Павлов (Штип) и Ангела Мојсовска (Макпетрол) се прогласени најдобри каратисти во изборот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) која изминатиов викенд на свеченост во Скопје ги избра најдобрите за 2021 година.

Во кати, признанијата им припаднаа на Пулексенија Јованоска (Фунакоши Гичин) и на Александар Неделковски (Металург).
Јованоска и нејзиниот тренер и селектор во кати Стојан Андриевски добија плакети за промоција на македонското карате на минатогодишните Летни олимписки игри во Токио.
За најуспешен сениорски клуб е избран Штип, а за најдобар тренер Сашко Арсовски, тренерот на Штип. За најдобар младински машки клуб е прогласен Олимпик спорт 2007, а за најдобар младински тренер Александар Кузмановски.
Најуспешен сениор во кати до 21 година е Марко Бунтески (Гладијатор), а сениорка Каролина Јанчовска (Фунакоши Гичин). Најдобар сениор во борби до 21 година е Столе Смилковски, а сениорка Марија Милева, и двајцата од Олимпик спорт 2007. Најуспешни јуниори во кати се Давид Спасовски (Фунакоши Гичин) и Мартина Арсовска (Гладијатор), а во борби Стефан Стојановиќ (Макпетрол) и Алиу Рудина (Куштрими). Најдобри кај кадетите во кати се Марко ПопТодоров (Гладијатор) и Данка Стојкова (Сансаи Метал Апостолов). Во истата конкуренција, но во борби, најдобри се Андреј Басаров (Шти) и Сара Дука (Уранику).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON