Карате репрезентацијата на Црна Гора и Карате клуб Омладинац организираат подготовки од 14 до април само за категориите -60 кг и -67 кг, односно учесниците во олимпоската категорија до 67 килограми. На подготовките се повикани и двајца наши каратисти – најдобриот македонски каратист Емил Павлов и учесник на квалификациите за Олмписките игри во Токио, како и талентираниот и надежен борец Абдурахим Идризи.
Домаќинот на подготовките најавува дека покрај нашите каратисти учествуваат и Марио Хоџиќ, Ненад Дуловиќ, Павле Дујаковиќ, Елдин Хајдарпашиќ, Огњен Оташевиќ и кратисти од Украина.