Емил Павлов го освои сребрениот медал Светското карате првенство (ВИДЕО)

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското карате првенство во Дубаи, откако во финалето загуби од олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

Се беше решено во 1 и 20 секунди до крајот, кога Дакоста прво поведе со 0-2, а потоа со два ипона дојде 0-8 и до крај на борбата.

Сепак, ова е најголем успех на македонското карате и втор медал за Македонија на светските првенства. Првиот го освои Жарко Арсовски во 2010 година.

Емил е двократен европски првак (Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година) и двапати го освојуваше бронзениот медал (Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019). Павлов е освојувач и на бронзен медал од Европските игри 2015 во Баку, Азербејџан.

Резултати Светско првенство 2021 – Дубаи:

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција) 0-8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON