Емил Павлов: Доста добро се познаваме со Италијанецот, ќе биде неизвесна борба, но ќе го победам!

Емил Павлов се пласира во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург во категоријата до 60 килограми и со Анџело Кресченцо од Италија ќе се бори за златниот медал. Во полуфиналето со 2-1 славеше против Казахстанецот Дархан Асадилов, а претходно имаше уште три победи.

Така, со нестрапление ќе го чекаме финалето е во недела.

Кресченцо, добро познат противник, со  која тактика против него во финалето?

-Доста добро се познаваме со Италијанецот, ќе биде неизвесна борба. Но, имам тактика со која претходно го имам победено. Се надевам дека така ќе биде и овој пат. Ќе го победам.

Колку ти значи овој пласман во финалето, во однос на самодеворбата, имајќи го во предвид настапот од премиер лигата во Дубаи, но и за она што  следува?

-Дубаи беше мој прв турнир за 2020 година, ги согледав недостатоците и по враќањето од Дубаи работев на тоа. И, еве, го покажав тоа во Салзбург.

Овој плсман е во прав момент за зголемување на самодовербата пред најважните турнири, пред се Европското во Баку и главниот квалификациски турнир за Олимпијадата во Токио во Париз во мај.

Резултати
60 кг
Емил Павлов – Фахед Ахмад (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-0
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 4-0
Плуфинале
Емил Павлов – Дархан Асадилов (Казахстан) 2-1
Финале 
Емил Павлов – Анџело Кресченцо (Италија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON