Карате репрезентативците на Македонија од денеска се на карате камп во Рим, Италија, до 23 јануари, од каде што ќе отпатуваат на првото коло на Карате 1 Премиер лигата во Париз идниот викенд.
Тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски на кампот ги води Емил Павлов, Наташа Стефановска и Берат Јакупи. На овој светски тренинг камп ќе има каратисти од повеќе земји во светот.
Ова е подготовка за сезоната што доаѓа и собирање на нови искуства, а од Париз почнува борбата за обезбедување норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Нашите репрезентативци и тренерот беа видно расположени во Рим и велат дека овој камп е од големо значење за нив.
Ipon.mk