Рускиот борец во тешка категорија, Федор Емелијаненко, неодамна го интервјуираше руската новинска агенција ТАСС. Една од темите беше мислењето за легендата, непоразениот Хабиб Нурмагомедов.
„Не ги гледав неговите последни борби. Тој се бори на негов начин – доминира над противниците, користејќи ги своите силни вештини. Хабиб е шампион, бидејќи има многу подобро владеење во граплинг над своите противници.
Но, Хабиб дефинитивно треба да работи на негобиот стој. Може да ја подобри боксерската техника, како и ударите со рака. Инаку, сè друго е прави како што треба. Тој е сè уште млад и има многу потенцијал за развој, за да достигне уште повисоки врвови “.
Во претстојниот меч Нурмагомедов ќе ја брани титулата против Тони Фергусон. Мечот ќе се одржи на УФЦ 249 во Њујорк на 18 април.