Елмедин Сејфулаху во категоријата до 54 килограми на Светското превнство за кадети во сараево против Турчинот Дујум Кабар стартуваше со победа.
Сејфулаху во доста интересна борба за око го совлада турскиот репрезентативец со 6-5. Најпрво поведе Кабар со 0-1, потоа Елмедин со една акција поведе со 2-1, резултат со кој се отиде на одмор. Во втората рунда нашиот репрезентаивец со истерување на противникот од душекот поведе со 3-1, но речиси со иста акција му изедначи. Во обострана акција Сејфулаху поведе со 5-3, а Кабар изедначи на 5-5, при што имаше челинџ од турската репрезентација, кој го изгубија, со што уште еден поен му беше доделен на нашиот борач и на крајот славеше со 6-5.
Нареден противник на Елмедин е Иранецот Хамед Сијодилан.
Рамадан Мустафовски во категоријата до 76 кг, исто така во кавлификациите, несреќно ја загуби борбата, бидејќи таа зврши нерешено 8-8, последен освои поени на натпреварувачот од Туркменистан, затоа и победи.
ipon.mk/В.Д.