„Експериментот“ од Сибир: Никој не веруваше дека еден човек е толку моќен! (ВИДЕО)

Karelin

На неговите противници доволно им беше само да го погледнат во очи и веќе им стануваше јасно дека ќе го загубат мечот.

Гол до појасот со часови трчал по сибирскиот снег, а потоа веслал по езерата сè додека неговите раце не прокрвареле. Противниците тешки и по 150 килограми ужасно се плашеа и никој не сакаше да се најде со него во ринг. Запрашан за стравот од него кој го чувствуваат неговите противници, тој изјави: „Моите противници… Тие не можат да разберат. Јас секој ден тренирам колку што тие во животот не тренирале“.

Александар Карељин е најголем шампион во историјата на борењето. Висок 192 сантиметри со 130 килограми чиста мускулна маса, подвижен како пантер и подеднакво силен и немилосрден, овој Русин три пати бил Олимписки шампион, девет пати светски шампион и 12 пати шампион на Европа. aleksandar-kareljin-ipon

За 13 години колку што траела неговата меѓународна кариера, претрпел само еден пораз, и тоа кога се борел со сериозна повреда во финалето на Олимписките игри во Сиднеј. Вкупно се борел 889 пати, победил 887 пати, а загубил само два пати.Еднаш загубил од советскиот шампион Игор Раструтски во 1987-ма година и еднаш од Американецот Рулон Гарднер во споменатото финале, иако многу експерти ќе се сложат дека Карељин требало да ги добие и двата меча кои ги изгубил на поени.

„Постои една работа која треба да ја знаете за него“, вели Мич Хал, долгогодишен директор на боречкиот тим на САД – „Неговата сила, па тоа не е човечка сила“.

Започнал со борење на 13 години во родниот Новосибирск во срцето на Сибир. На едно од неговите први натпреварувања ја скршил бутната коска. Неговата мајка толку се уплашила што му ја запалила опремата, но тој ѝ одговорил: „Мајко, јас сега не можам да го напуштам спортот на кого му ја дадов ногата“.

Одлучил да се бори, да стане најсилен на светот. Гол до појас трчал со часови низ сибирскиот снег, а потоа веслал низ езерата сè додека неговите раце не прокрвареле. Тоа го правел со години. Со ова создал кондиција и сила која веројатно ниту еден човек досега не ја поседувал. Тогашен негов најтежок „противник“ бил стариот фрижидер тежок 180 килограми за кој вели:

„Го однесов до осми кат, со овие мои две раце. Ниту самиот не знам како“, открива Карељин.

Карељин е познат по „Карељиновото дигање“, потег кој можел само тој да го изведе. Никогаш, ни пред тоа, ни потоа ваков потег не бил виден во борењето.


За време на неговата кариера во борење, Карељин само еднаш учевствувал во ММА меч против јапонскиот борец Акира Маеда. Било потресно да се гледа немоќта на Јапонецот кој бил врвен мајстор во тие вештини. Русинот го фрлаше како да е кукла, правеше сè што ќе посака и тоа со голема насмевка на лицето.

aleksandar-kareljin-ipon 2„Да одлучеше да се бори во ММА, Карељин ќе владееше, далеку пред сите“, изјави Федор Јемелианенко, најголемиот ММА борец во историјата. Карељин се повлече од борењето во 2000-та година. Се посвети на науката и во 2002-ра година докторираше на Сибирската академија за физичка култура. На личен повик на Владимир Путин започна политичка кариера. Повеќе пати беше избиран за член на руската Дума, а денес е член на одборот за меѓународни односи на рускиот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON