Ердал Факиќ е избран за најдобар самбо тренер на Балканот и за претседател на Балканската самбо федерација.
Признанијата Факиќ ги доби во Истанбул, Турција, на Конгресот на Балканската самбо федерација. Секако ова е големо призиние за Македонската самбо федерација, но и обврска за поголема ангажираност и работа.
Интересно е да се нагласи дека Факиќ беше избран едногласно, односно ја доби подрршката и од Грчката самбо федерација.
ipon.mk/В.Д.