Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, излезе како победник од битката со Нејт Дијаз на УФЦ 202, во реваншот за првиот пораз од пред неколку месеци.
По завршувањето на средбата Ирецот имаше потреба од патерици, бидејќи ја повреди ногата за време на мечот со Дијаз. И додека тврди дека нема сериозна повреда како последица на драматичниот меч, тој може да добие и шестмесечна забрана да се бори, освен ако не добие „зелено светло“ од ортопед.
Видете ги ексклузивните снимки од зад сцената по големиот настан на УФЦ 202 направени од екипата на Конор Мек Грегор: