ИБФ ќе му нареди на Џошуа да се бори со Џозеф Паркер

Entoni dzosua so Miror

Во април оваа година, Ентони Џошуа, дури во неговата 16 професионална борбата стана ИБФ светски шампион во тешка категорија.

По освојувањето на појасот против Чарлс Мартин, во доброволното одбрана на крајот на јуни го нокаутираше Доминика Бризил.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, планираше следната борба на Ентони да биде на 26 ноември

Во меѓувреме, ИБФ се огласи и објави дека Џошуа мора да ги исполни обврските и да гсе сретне со задолжителниот предизвикувач, што може да ги промени плановите.

Меѓународната боксерска федерација на 9 ноември ќе објави дека Британецот мора да се бори со задолжителниот предизвикувач Јозеф Паркер.

„Двете страни ќе имаат 30 дена да постигнат договор. Ако не успеат, ќе се оди на надавање“, рече директорот на ИБФ, Линдзи Такер за Бокс сцената.

Тој објасни дека Џошуа мора средбата со Новозеланѓанецот мора да ја одработи до 19 јануари следната година.

Паркер (20-0, 17 КО) на 1 октомври се бори со Александар Димитренко. Неговиот промотор Дуко ивентс најави дека нивниот боксер ќе биде подготвен да се бори повторно кон крајот на ноември или во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО