Вчера, нашата репрезентативка, Вероника Костовска, го освои златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, во категоријата до 54 клиограми во кадетска конкуренција. Таа во финалето ја совлада Французинката Гвендолин Филипе со 5-0. Костовска е член на КК Кеикс од Скопје.
Направивме ексклузивно интервју со нејзе, за заеднички да ги споделиме впечатоците по освојувањето на шампионската титула.
Дали веруваше дека ќе станеш европски првак?
-Многу сум среќна поради освоениот медал. Чувството е прекрасно, да освосиш медал вакво големо првенство. Напорно работев и се трудев , успехот мораше да дојде.
Колку ти значи победата над Буграката, која ти ја зема блканската титула на сомнителен начин?
-Победата над Бугарката ми беше од огромно значење. Ми ја дигна самодовербата на уште повисоко ниво.
Што беше пресудно за да ги победиш твоите противнички на убедлив начин?
-Покрај вложениот труд , пресудна беше и поддршката што ја добивав од тренерот на репрезентацијата Александар Кузмановски и од мојот тренер Елвир Куртановиќ, кој беше присутен со салата.
Дали имаше стравувања во финалната борба?
-Немав стравување во финалната борба, бидејќи психолошки бев добро подготвена.
Колку ти помогнаа тренерот на репрезентацијата и клупскиот тренер, Аце Кузмановски и поранешниот европски првак (1993 година во Кардиф, Велс) Елвир Куртановиќ?
-Мојот селектор навистина ми помогна во сите борби, но, најголема заслуга има мојот тренер Елвир Куртановиќ. Неговото присуство ми го олесни патот до медалот.
Кои се твоите амбиции по златото во Цирих?
Следна цел ми е Светското првенство во Џакарта, но прво треба да ги поминам селективните турнири, за кои следат долги и напорни подготовки.
ipon.mk/В. Донев