Собранието на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) заврши како никој што не очекуваше – со неоптовиклива оставка на претседателот Ванчо Чифлиганец.
Сите во конгресната сала на Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ беа шокирани од вакавата одлука на првиот човек на ФБСМ.
„Никогаш не сум бил куквациа, во овој момент си давам неотповикилива оставка. Имам огромен притисок, бидејќи треба да обезбедам плата за 500 семејства во фирмата и затоа мора да се посветам на бизнисот. Имам дебели живци, но не можам да се ставам меѓу две страни. Ќе помогам во границите на можностите. Се определив за мојата животна опсесија-бизнисот, а на грб носам 500 семејства“, истакна Чифлиганец и додаде дека неговата одлука е дефинитвна, а и дека нема услови за успех.
„Сметам дека сум направил погрешни проценки“, рече првиот човек на ФБСМ за прифаќањето на претседателската функција и надежите дека борачите ќе учетсвуваат на Олимписките игри во Рио.
По оваа негова одлука, потпретседателот Бетим Вренези и Насе Насев, спортскиот директор во Фдерацијата се обидоа да го разубедат, барем, одлуката да ја одложи до септември.
„Имам притисок од типот „или тие или ние“ (да се откаже од Трајче Димков и Добре Маринковски од Управниот одбор на Федрацијата, а тоа го барало новото раководство на БК Балканец). За мене овие луѓе се величини во борењето. Сметам дека овој УО даде живост во работата на ФБСМ, но и дека треба да се произнесе во однос на стипендиите (добиени за МОК). Да се земат а да нема успех. Имаше комисии што не си ја завршија работата, а јас не бидувам полицаец. Државата има органи и нека го решава тоа (извештајот за работата на претходното раководство, 2008-2013 гоидна)“, рече Чифлиганец.
Иако Собранието се заврши, на сето ова му претходеше тензичната атмосфера, која се создаде поради барањата на БК Блакнец, Марјан Атанасов и Методи Сичков, како и на Страшо Глигоров од БК Безбедност, за неодржување на Собранието поради финансиските дубиози на претходното раководтсво и недоставувањето на финансискиот извештај за спорниот период.
Ipon.mk/В.Д.