Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) ја укина суспензијата на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) откако нашата Федерација плати 10 илјади евра од долгот, односно една половина. Сега нашите борачи немаат прблем за настап на меѓународните настапи.
„Како што најавивме и ветивме уште при нашето именување на чело на ФБСМ, веќе неколку дена е повлечена суспензија на нашата Федерација од страна на Обединетото светското борење. Сето ова е по голема заслуга и на Македонскиот олимписки комитет, господинот Алтин Малиќи, на кого од се срце им се заблагодарувам, лично и во име на ФБСМ. Во текот на денешниот ден, од страна на ОБС за повлекувањето на суспензијата беа известени сите светски федерации. Што значи дека сега веќе сме слободни и нашите борачи може да учествуваат секаде на меѓународни натпреварувања“,изјави претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, при што додаде: „Ветивме, реализиравме и продолжуваме напред“.
Ipon.mk/В.Д.