Сара Крстевска стана балкански шампион отако во финалето на Балканското првенство во Чачак, Србија, во категоријата до 61 килограм ја совлада со 1-0 Јелена Максимовиќ од Црна Гора. Ова е голем на успех за младата картистка на Металург во репрезентативниот дрес.
Со златниот медал Сара си обезбеди место во репрезентацијата за Европското сениорско првенство во Турција во мај.
На Балканско првенство да освоиш титула не е мала работа, бидејки има многу квалитетни каратисти од повеќе балкански држави. Какво е чувството да си шампион?
-Во право сте, да се освои титула на Балканско сениорско првенство не е мала работа, а особено за мене со моите 18 години. Чувството да си шампион е прекрасно! Едноставно, само треба да се доживее. Уште подобро е кога знаеш дека поради тебе се сиври македонската химна!
Очекуваше ли дека можеш да се вемшаш во борбата за медалите, па и за златниот медал?
-Искрено, не очекував ваков успех и се изненадив самата себе, а воедно и другите!
Кој меч ти беше најтежок и зошто?
-Финалето ми беше најтешко, бидејќи таа е постара од мене, носи поголемо искуство од европските и светските првенства.
Дали со титулата обезбеди место во репрезентацијата на Македонија за ЕП во Турција?
-Да, со овој успех успеав да се пласирам на Европското првенство, што ми е поголем мотив да продолжам со напорната работа.
Што ќе му порачаш на брат ти Виктор Крстевски кој ти е клупски другар од Металург?
-Би му кажала само едно благодарам! Бидејќи без негова поддршка не би го постигнала овој успех.
Патот до шампионскиот трон
Сара Крстевска – Изабел Ризова (Бугарија) 4-0
Сара Крстевска – Алејна Сезер (Турција) 0-0
Сара Крстевска – Адријана Васовиќ (Србија) 1-0
За златниот медал
Сара Крстевска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 1-0
Ipon.mk/В.Д.