„Мислам дека ова ќе биде мојата последна година. Не можам, телото се троши и сакам да поминуваат повеќе време со своите синови“, рече Мирко Филиповиќ уште 2013 година, кога новинарите на Индекс.хр разговараа во неговата соба во Борчец.
Денес е три години постар, на грб има 42 години, но ги доќекува подеднакво испотен и наострен новинарите. А тој само направил уште еден спартански тренинг пред борбата во четвртфиналето Ризиновиот турнир во јапонската Саитама.
„Еднаш борец, секогаш борец. Тоа е мојата страст. Велат дека работам се за пари, но не работат ли сите за пари? Ова е легитимна цел. Добив еден куп понуди за 2017 година, но сите ги одбив. Нема да можам уште долго“, вели Мирко во есклузивното интервју за Индекс.хр.
Признава дека зад него е најтешките година во неговата кариера. За неа разговарале отворено, повеќе од половина час. Мирко Филиповиќ за Индекса зборува за обвиненијата за допинг, суспензијата и крајот на неговата кариера. Открива како се вратил, зошто „домашните бедници“ го повредели и до кога мисли се остане во рингот. Признава дека од организаторот на мечот во Ризин на 29 декември побарал „дивјакот“ Вондерлеј Силва да го сместат во друг хотел. Силва требаше да биде на другата страна на рингот, но го откажа мечот. Мирко ќе се бори со Кинг Мо, многу тежок противник. Но, се уште се влечат опашки за Силва.
„Ќе му забранам влез во мојот хотел. Не сакам будалата да ме деконцентрира. Тој и неговите дивјаци по цела ноќ урлаат и прават прблеми. Не дај Боже да го видам, може само да го залепам, па да одам во затвор.”
Никогаш порани Мирко не зборувал така детално за Индекс.хр како западнал во скандалот со допингот и зошто го наместиле.
Погледнете го најискреното видео интервју во оваа година.