ЕКСКЛУЗИВНО- Масао Кагава: Категориите по тежина ќе се утврдат во Рио за Токио 2020!

Kagava portret

Господине Кагава поминаа неколку месеци од нашето интервју (чекајќи го одговорот една година-н.з.), кога со сигурност рековте дека кратето ќе биде дел од Олимписките игри во 2020 година во Токио, бидејќи така било договорено кај градоначалникот на Токио. Првата фаза е помината, однонсо влезе во петте спорта што конкурираат да бидат дел од Олимпијадата во 2020 година.

Дали каратето сега пред Олимпијадата во Рио ќе биде во двата избрани спорта за ОИ во Токио?

Кагава: Факт е дека пакетот на пет спортови – карате, скејтбординг, спортско качување, сурфање и бејзбол/софтбол, кои се избрани од страна на Организациониот комитет за Олимписките игри во Токио 2020 година, ќе бидат одобрени или одбиени од страна на МОК.

Според првичните најави, каратето ќе има по три категории, во машка и во женска конкуренција. Кои ќе бидат тие категории? И зошто три, а не пет како што е досега на СП и ЕП?

Кагава: Карате натпреварот во Токио 2020 година ќе има 3 тежински категории во кумите плус една во ката за мажите и 3 тежински категории во кумите плус една во кати за жените. Категориите по тежина ќе се утврдат во Рио по сесијата на МОК.

Кои други измени ќе се направат за Олимписките игри, во однос на правилата?

Кагава нема одоговор ова прашање –н.з.

Дали сметате дека Македонија и Балканот се плодна почва на карате таленти и е добра позиција за ширење ЈКС во Европа?

Кагава: Имам голема надеж дека Македонија и Балканот ќе бидате плодна почва карате за таленти, а тоа ќе ни помогне да се шири JKS/ЈКС и каратето во целина низ светот.

Kagava vo mokuco

Сенсеи Масао Кагава е посебно значјна личност во светското карате од повеќе причини. Прво како натпреварувач постигнал големи резултати, а како вежбач, учител и селектор придонел карате спортот да направи добра конекција меѓу традиционалното и спортското. Кагава е прв човек на Техничката комисија на Светската карате федерација (ВКФ), потоа претседател на Јапонската карате федерација и селектор на јапонската репрезентација и главен учител на Јапонската карате шото федерација (ЈКС). Како претседател на Техничката комисија на ВКФ и член на комитетот „Каратетото на Олимписките игри 2020 во Токио“, моментално е најповиканата личност да одговори на прашањата поврзани со каратето, однонсо дали ќе биде или не олимписки спорт, како и други работи поврзани со овој спорт.

Kagava zagrevanje so pejov

Еве што рече минатата година сенсеи Масао Кагава во ексклузивното интервју за IPON.mk објавено на 6 август 2015 година. Бевме први во светот со неговото тврдење дека каратето ќе биде дел од Олимписки игри во Токио 2020.

Како еден од значајните луѓе во Јапонската карате федерација, во ВКФ, Вие сте вклучени и во комитетот „Каратето на ОИ Токио 2020“. Колку е голема веројатноста каратето да биде олимписки спорт?

-Многу е голема шансата каратето да биде олимписки спорт. 99 проценти сум сигурен дека каратето 2020 година ќе биде вклучено во програмата на Олимписките игри во Токио!

Јапонија има две сентиментални работи, два спорта. Прашањето е кој нив да биде на ОИ. Едната е каратето, а другата безболот. Што ќе избере Вашата земја од тие две сентиментални работи?

-Безболот е најпопуларен спорт во екипните спортови, каратето е најтрадиционален боречки спорт и од сите 21 вештина (како џудо, кендо итн) е број еден. Веќе нема конкуренција кој спорт ќе биде на олимписката програма и двата спорта ќе бидат дел од Олимписките игри во Токио!

Зошто Јапонија сака каратето да влезе на Олимписките игри?!

-Како и секој човек на земјината топка, што знае дека Олимписките игри се најголемата спортска манифестација, а воедно и најгледаната во светот, така што, јас, како Јапонец, кој 50 години се занимава со карате, отсекогаш мојот сон бил каратето да дојде на Олимписките игри. Со самото влегување на каратето на ОИ, во светски размери, како и сите други спортови, кои земаат учество на Олимпијадата, владата ги подржува. Таа поддршка ќе расте уште повеќе. Јас ќе бидам најсреќен, бидејќи отсекогаш ми било сон, каратето да биде член на ОИ. Еве, сега сме на почетокот на остварувуњето на сонот.

Ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON