ЕКСКЛУЗИВНО – Лука Валдеси: Не ја познавам Македонија, но знам дека со години вежбате квалитетно карате!

luca-valdesi-vika kiae

Во престрет на големиот семинар на мајсторот на катите, Лука Валдеси, во Скопје на 2 и 3 април во организација на карате клубовите Јошитка и Урбан инвест, напрвивме ексклузивно интервју со светскиот карате ас.

Luka Valdezi plakat

Господине Валдеси, што ве привлече да ја прифатите поканата за семинар во Македонија?

ЛВ: Никогаш претходно не сум бил во Македонија. Можноста да се работи во „нова“ земја за мене е секогаш мотив повеќе.

Што знаете за Македонија и за македонското карате?

ЛВ: Не ја познавам Македонија, но знам дека со години вежбате квалитетно карате. Верувам дека ќе видам добро карате и на самиот семинар и верувам дека ова е почеток на една плодна соработка со цел подигање на нивото на квалитет кај катите.

Дали со некои каратисти од Македонија се имате натпреварувано?

ЛВ: Во мојата спортска кариера сум имал илјадници мечеви, веројатноста е голема дека сум се сретнал и со некој од Македонија.

Luka Valdesi zabiva

ГО ИЗМЕНИВ НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ ИЗВЕДУВААТ КАТИТЕ

Долги години бевте најдобар каратист во изведба на кати. Кој беше рецептот така долго да сте на врвот (22 од Европските првенства и 6 медали од Светските, не знам дали грешам)?

ЛВ: Да, 22 европски и 6 светски златни медали. Мислам дека тајната е во тоа што секогаш треба да се трудиме да бидеме се подобри… и кога е човек на врвот треба уште понапорно да работи за да стане уште подобар.

Која беше Вашата предност во однос на Јапонците и останатите натпреварувачи?

ЛВ: Мислам дека јас го изменив начинот на кој се изведуваат катите… Претходно фокусот беше само на силата на ударот, додека брзината на изведбата беше занемарена… Јас го сменив фокусот на силата, затоа од секогаш напорно работев на брзината, од самиот почеток на техниката.

Која титула ви е најдрага и зошто?

ЛВ: Не знам. Мислам дека првата светска титула ја доживеав многу возбудливо, но освојувањето на третата индивидуална титула во Токио, центарот на каратето, беше апсолутно незаборавно искуство!

КАТАТА Е БОРБА СО ЗАМИСЛЕН ПРОТИВНИК, ПА ЗАТОА И ТРЕБ АДА ГО „УДРИТЕ“ ПРОТИВНИКОТ

Која е тајната на усогласувањето на ритамот, брзината и силата во Вашата изведба на кати?

ЛВ: Тајната на моите изведби се крие во тренирањето. Мислам дека е многу важно да се има добра координација и секогаш да имаме на ум дека катата е борба со замислен противник, па затоа и треба да го „удрите“ противникот…

Што се треба да поседува еден каратист за да се натпреварува во кати?

ЛВ: Види претходен одговор.

Зошто многу каратисти ги избегнуваат натпреварите во ката изведби?

ЛВ: Да се спрема ката е навистина тешко, не само физички, туку и психички. Сам си и се бориш против себе. Потрагата по совршенството може да стане претешка доколку не можеш да ја видиш крајната цел.

КАТА НАТПРЕВАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСПЕКТАКУЛАРНИ И ПОБЛИСКИ ДО ПУБЛИКАТА

Од неодамнасте именувани за член на Комисијата за катаправила во рамки наСветската карате федерација (ВКФ), за да се подобрат правилата во делот на катите, со една цел-каратето конечно да стане дел од олимпиското семејство воТокио 2020. Во кој дел ќе ги подобрувате правилата?

ЛВ: Работиме на тоа да ги направиме натпреварите поспектакуларни и поблиски до публиката. Натпреварите во ката мора да бидат интересни и забавни за сите, не само за оние кои вежбаат карате.

Дали не се каете што се повлековте од активните натпревари, бидејќи ви недостасува само олимпискиот медал?

ЛВ: 25 години се натпреварував. Во последните 15 години ги освоив скоро сите натпревари каде што учествував. Не жалам за ништо, имам само прекрасни спомени од сите настани.

Не размислувате ли за повторно враќање на татамито, за да ја дополните колекцијата на трофеи, пред се со тој што ви недостасува?

ЛВ: Сега не би се вратил на натпреварите, затоа што ми се смени гледиштето за катите… Сега дури и покритички ги гледам работите од порано. И, мислам дека сам не би си ги задоволил своите стандарди.

Што ќе им порачате на учениците на семинарот во Скопје?

ЛВ: Им препорачувам на сите учесници на Семинарот внимателно да слушаат што ќе се кажува, да бидат многу љубопитни и да поставуваат прашања, колку што е можно повеќе. И да дојдат „празни“, како бел лист на кој треба да се пишува една приказна.

Luka Valdesi vo Umag so deca

За Лука Валдеси

Лука Валдеси е роден на 18 јуни 1976 година, во Палермо, Италија. Почнал да тренира карате на 6 годишна возраст кај неговиот тренер и татко, Андреа Валдеси. Подоцна преминал во карате клубот Fiamme Gialle од чии редови станува репрезентативец на Италија. Тренирал со повеќе тренери, но постојано неговиот развој и напредок будно го следи неговиот татко.

Како натпреварувач во текот на својата долгогодишна плодна кариера Валдеси има освоено 22 златни медали на европски првенства и 6 златни медали од светски првенства. Во 2013 година се повлече од натпреварите и сега своето знаење го пренесува на помладите генерации.

Покрај работата во неговиот клуб, Polo Verde Karate Club Gioiosa Marea, Валдеси исто така е тренер на сениорската и У-21 ката репрезентација на Италија, која полека но сигурно чекори по неговите стапки.

Како истакнат натпреварувач, Лука Валдеси неодамна беше именуван како член на Комисија за ката правила во рамки на Светската карате федерација, каде заедно со други истакнати поранешни или се уште активни натпреварувачи работи на подобрување на правилата, конкретно во делот на катите, се со цел каратето конечно да стане дел од олимпиското семејство во Токио 2020, каде што и припаѓа.

Ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON