ЕКСКЛУЗИВНО: Кро Кап во Кореја ќе се сретне со Ентони Хамилтон!

  cro_cop_hamilton

Мирко Филиповиќ на својот Фејсбук профил објави дека неговата следна УФЦ борба е на 28 ноември, на Фајт најт во корејскиот град на Сеул, но не откри кој му е противникот.

Сепак, Фајт сајт, ексклузивно објавува дека Кро Кап ќе ги вкрсти ракавиците со Американецот Ентони Хамилтон. Тоа е името што речиси никој не ги спомна во шпекулациите кој би можел да биде следниот противник на Филиповиќ.

Американец, кој има 35 години, во кариерата има 14 победи и 4 порази. Во УФЦ е од 2014 година  кога го направи своето деби против Русинот Алексеј Олеиник и беше поразен со присилба на предавање. Во меѓувреме, со прекин славеше над Руан Потс, со судиска одлука против споменатите Омиеланчук, а во декември минатата беше нокаутиран од Тод Дафи. Во секој случај, с еработи за противник кој не треба да се потценува. Хамилтон е висок 195 сантиметри, што е речиси 10 повисок од Кро Кап, а обично тежи околу 115 килограми. Од 14 професионални победи, половината (7) се со нокаут.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON