Ексклузивно-Кро Кап му одговори на Минотаур: Ќе се радувам на нашиот реванш, овојпат јас ќе славам!

Mirko_Filipovi muskuli

Не е случајно што легендарниот УФЦ и Прајд шампион, Антонио Родриго Ногуеира што по втор пат го прозва Мирко Филиповиќ . За прв пат уште на 30 јануари кога Кро Кап повторно потпиша за елитната промоција, а вториот пат пред неколку дена тврдејќи дека „тој и Кро Кап би направиле одлична претстава во легендарната Саитама во Токио“.

Ногуеира: Го сакам Кро Кап во токиската Саитама Супер Арена

„Ќе видиме што ќе се случи. Одам полека, се додека моето тело може да издржи. Иако сум фокусиран на следниот натпревар, борбата против Кро Кап е нешто што навистина би сакал да се направи. Овде, во Бразил, или во Јапонија. Тој меч би се продал навистина добро, секој би сакал да види што ќе се случи. Во Јапонија, тоа треба да биде одличен главен настан во Саитама Супер Арена“, рече Биг Ног. Очигледни се мислите на овој голем мајстор на партеротнасочени спрема стариот познаник со кој за прв пат ги вкрстија ракавиците во 2003 година на Прајд Фајнал конфликт. Тогаш Филиповиќ ја одработи една од најдобрите рунди во неговата кариера и потполно го декласираше Бразилецот во стоење, додека тој неуспешно се обидуваше да го пресели дуелот на партер. Точно на крајот на првата рунда на Кро Кап му легна на легендарниот „висок удар“ (хајк кик), буквално недостигаа неколку стотинки да ја заврши работата со понекој ГНП удар кога Ногуеира веќе беше паднат на земја. Но жилавиот Минотаур и тогаш некако преживеа, па во втората рунда го фати Филиповиќ во стапица и го доврши со „Aармбар“.

Кро Кап: Мојот стил не е да прозивам

Со ова се согласува и Кро Кап и даде коментар за прозивките од страна на легендарниот Бразилец.

„На Минотаур му посакувам многу среќа во неговиот следен меч, кој ќе биде во август против Холанѓанецот Стефан Струвеe. Мислам дека би било добро во моментот прво целосно да се фокусира на тој меч, а откако тоа ќе помине, верувам дека лесно ќе се договориме околу нашиот реванш“, рече Кро Кап за Фајтсајт, и додаде:

„Никогаш, мојот стил не е беше да ги повикувам противниците преку медиумите, па не сакам ни сега. Впрочем, УФЦ е тој што ги договара борбите, верувам дека тоа ќе направат добро како и секогаш. Во секој случај, ако дојде до реванш, јас многу ќе му се радувам и јас овој пат ќе славам во таа пресметка“.

Анализирајќи ја формата на Мирко во последните неколку години откако замина од УФЦ, се добива впечаток дека Кро Кап ја живее својата втора младост. 11 победи и само два порази, комбинирани во кик бокс и ММА натпревари, како и освојувањето на вредните појаси во К-1 ВГП победник и ИГФ шампион, го вратија во елитната УФЦ. Возвратниот меч против Гонзага во Краков го одработи во голем стил и со голем пресврт во кој го демолираше Бразилецот покажа топ форма. Дали е време за реванш, кој дефинитивно ги „ги крена на нозе“ сите од „старата школа“ Прајд носталгичари? Минотаур во едно со сигурност е во право. Тоа беше борба, што сите би сакале да ја видат.

Ние само да се надеваме дека лидерите на УФЦ размислуваат во тој правец …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON