Направивме интервју со првиот човек на Фајт најт чемпион лигата (FNCL/ФНЧЛ), Хрвоjе Знаор, кој минатата година со македонскиот промотор на оваа организација, Раде Стефановски, направија голем ММА спектакал во Велес. Почеток е на годината и добро е да се да се изнесат видувањата за минатата година од едно времненско растојание, но и кои се плановите за оваа.
Каков е Вашиот впечаток од минатогодишниот настан во Велес?
-Поздрав до тебе и сите читатели на IPON.mk! Велес беше полн погодок за Fight Night Champion League (FNCL)! Нашиот пријател и домаќин, Раде Стефановски, направи добра работа, покрај одредени потешкотии кои ги имавме во почетокот.
Сепак, на крајот, кога ќе повлечеме линија, направивме голем боречки спектакл, еден од најпосетените било кога во Македонија, и, секако, ќе се вратиме.
Публиката беше одлична, а домашните борци, кои оставија одличен впечаток, со обѕир на тоа дека ММА сцената во Македонија се уште не е на топ ниво.
Кој македонски борец ви остави посебен впечаток?
-Сите борци беа добри и го дадоа максимумот, пособено, технички и физички, беше изразито доминантен Златко Петровски, како и Дејан Трајковски, Марјан Ангелески покажа класа, но мечот на вечерта, секако, го имаше Илија Андов, кој покажа голем потенцијал. Имате уште домашни борци кои со квалитетна работа ќе напредуваат (Данев, Стефаноски, Заткоски и други млади борци).
Кој од нив може да направи нешто повеќе на ММА сцената?
-Сите тие имаат шанса да напредуваат ако работат со подобри тренери и во што подобри услови, а знаеме дека сето тоа е релативно и дека тоа, пред се, го диктираат финансиски можности. Затоа, би било добро покрај сето тоа, да одат на камповите во регионот, да донесат добри и квалитетни тренери, систематски и методично да се тренира, да се следат светските ММА трендови и во зависност од напредокот и можностите да се пробаат во некои боречки промоции. Пред се, можеби најважна поента е ММА да биде препознаен како спорт од страна на државата и со тоа го субвенционира. Многу земји имаат проблеми со тоа, па и Хрватска.
Дали некој од нив има шанси за поголеми достигнувања?
-Секако, имате воини кои имаат одлична перспектива, а ние ,како спортски пријатели, сме на располагање со цел да се подобри соработката и напредокот! Вниманието ми го привлече вашиот млад екстра талент,Кристијан Воденски, која има потенцијал да стане еден од најдобрите македонски и европски борци. Тој е се уште многу млад, но страшно и напредува!
Како да се подобри македонското ММА?
-Исто така се надевам дека ќе ги видиме најдобрите македонски борци летово во Сплит, каде што од 22 до 24 јули ќе се одржат Светските боречки игри (WMAG), на кои, меѓу другите дисциплиниќе бидат и граплинг, кик-бокс и ММА. Се очекува повеќе стотици борци од целиот свет, а тоа е идеална прилика за сите млади и перспективни борци да ги тестираат своите способности. Исто така и овој настан ќе се одржи во Сплит и Куќата на славните, каде што меѓу најпознатите имиња има и едно име од Македонија.
Неодамна бевте на еден семинар во Египет. Како поминавте?
-Да, неодамна бев во Египет. По успешното завршување на џиу џитцу кариерата се фокусирав на големи меѓународни проекти како WMAG, на FNCL и Куќата славните, чиј промотор сум и успешно ја водиме работата со мојот пријател Фране Жижиќ. Освен тој дел од приказната, јас сум фокусиран на семинари кои ги одржувам кога ќе стигнам, во зависност од можностите, а ова ми беше прв пат да претстојувам во Египет. Секако, занимиливо искуство.
Така, оваа година во план се семинари во Загреб, Сплит, Австрија, Русија, Португалија, Шпанија, Србија .. Се надевам дека секаде ќе стигнам, бидејќи е одлично да запознаеш нови спортски пријатели, обичаи, различности, но и да напредуваш и да научиш нешто од сите тие нови искуства.
Дали некој од твоите борци ќе учествува на УФЦ настанот во Загреб?
-Господинот Орсат Зовко е визионер и голем фан на боречките вештини, уште пред неколку години го најавуваше доаѓањето на УФЦ во Хрватска и јас никогаш не се сомневав во тоа, секоја чест. Тоа е исклучително и единствено негова заслуга.
Секако дека е сон на сите борци настапат во најјаката боречка промоција во светот, но треба да бидеш свесен и реален за можностите. Во Хрватска, генерално и во регионот, само неколку борци се на највисоко ниво, а сакам да верувам оние кои ќе бидат избрани да ја пополнат загрепската УФЦ фајт карта ќе ги исполнат очекувањата на организаторите и публиката.
Ние сме горди на фактот што на скорешното официјална ММА Првенство на Хрватска, кое е на 12 март, ќе биде под покровителство на УФЦ, што е голема работа за нас организаторите – нашиот клуб JJK Ураган и градот Сплит како домаќин.
Ние од FNCL се надеваме дека ќе им овозможиме на многу млади борци да созреат преку нашите настани, но ме радува што имаме понуди на веќе добро афирмирани и познати борци кои го препознаа квалитетот и сериозноста на нашата работа.
Се радуваме на новите спортски предизвици и нека 2016 година биде барем исто толку успешна како минатата! Поздрав до сите ММА фанови и љубители на боречките вештини во Македонија!
Ipon.mk/В. Донев