Веднаш по сето она што се случи на УФЦ 229, Дана Вајт изјави дека соборците на Хабиб Нурмагомедов кои го нападнаа Конор Мек Грегор никогаш повеќе нема да се борат во УФЦ. По внимателното разгледување на доказите се разјасни дека само Зубаир Тухугов е меѓу тие кои ќе бидат ослободени од УФЦ, бидејќи го удри Мек Грегор, кој пак го удри братучедот на Хабиб, Абубакар.
Тухугов требаше да се бори против Артем Лобов малку подоцна овој месец, но борбата е поништена и тој е слободен. Сепак, тоа не му се допадна на Хабиб и се закани дека ќе ја напушти организацијата, заедно со својот пријател:
„Сакам да се обратам на УФЦ. Зошто не отпушти никој од нивниот тим, кога го нападнаа автобусот и ранија неколку луѓе? Можеа да убијат некого, зошто никој не вели ништо за тоа дека тој ја навреди мојата земја, религија, семејство и нација?
Зошто треба да му кажете на мојот тим, кога и двата тима се тепаа? Ако тврдите дека јас сум почнал, не се согласувам со тоа, бидејќи го довршив она што тој го започна. Во тој случај казнете ме мене, Зубаир Тухугов нема ништо заедничко.
Ако мислите дека ќе молчам – грешите. Ја откажавте битката на Зубаир и сакате да го ослободите, затоа што го удрил Конор? Не заборавајте дека тој прв го удари мојот брат – видете го видеото. Ако одлучите да го ослободите, треба да знаете дека ќе ме изгубите и мене.
Во Русија ние никогаш не се откажуваме од браќата свои и сум подготвен да одам на крајот светот за нив. Ако сепак решите да го ослободите не заборавајте да му го пратите мојот раскинат договор, за да не го расикнам јас.
И уште нешто, може да ги задржите парите што ми ги блокиравте. Доста сте зафатени со тоа и се надевам дека нема да ви е преку глава. Ние ја браневме нашата чест и тоа е најважното нешто. Имаме намера да стигнеме до крај.
https://www.instagram.com/p/Boy2zCpn_m_/?utm_source=ig_embed
Веднаш по објавата на социјалните мрежи илјадници луѓе го поддржаа и му се восхитуваа.