Ексклузивно ви ги пренесуваме првичните впечатоци по првата професионална борба на Горјан Славески-Гого во Чикаго, САД, и победата со нокаут во втората рунда против Ентони Морган.
Како е да се биде на профи ринг и да се почувствува таа атмосфера?
-Чуството е неопишливо да се борис пред толкава публика. А, за победата знаев, затоа што верував во себе и се спремав многу долго.
И пред еден месец рече дека ќе го нокаутираш противникот во првата рунда, но ако не тргне се како што треба тоа ќе се случи во втортата?
-Одев на нокаут и затоа реков дека ќе го нокаутирам во втората.
Имаше ли навивачи, бидејќи во Чикаго има многу Македонци?
-Се изненадив колку Македонци дојдоа. Им благодарам на сите за поддршката.
Дали знаеш што се случуваше во твоето Ѓорче додека се бореше и потоа?
-Драго ми е што не само во Ѓорче, туку и во Скопје, а и цела Македонија, израдував толкав број на луѓе .
Што понатаму?
Наредната борба се надевам ќе биде во февруари. Повторно одам на победа.
Ipon.mk/В. Донев