Додека трајат расправиите во борењето кога да се одржи вонредното Собрание и кој е во право а кој во криво, од Обединетото светско борење (ОБС) до Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) стигна „жолт картон“ пред исклучување, кое треба да се случи на 16 август.
Од канцеларијата на ОБС испраќаат последна опомена за подмирување на долгот од 33.725 швајцарски франци, однонсо 40 отсто од вкупната сума 13.500 франци до 15 август, ако не може да се збогуваме со учеството на Светското првенство во Лас Вегас, САД, во почетокот на септември, на кое се бркааат олимписки норми.
Писмото е потпишано лично од претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ, а е упатено да ФБСМ и нејзиниот претседател Чедо Николовски, во кое се потсетува дека генералниот секретар на Свестката боречка организација, Дасон, испратил предупредување дека е можна суспензија на ФБСМ, а со тоа и на борачите, ако не се подмират финасиските обврски.
Од ОБС предупредуваат дека не се подмирение обврските за Лабазан Аскербиев и Магомедгаџи Нуров, така што тие нема да добијат лиценци за настап. Ако сакаме во 2016 година да настапуваат за Македонија ќе мора од 1 до 31 декември да се платат обврските, однонсо лиценцирањето како македонски борачи.
Инаку, вкупните долгови на Федерацијата, според нашите информации од надлежните лица во ФБСМ, е околу 47 илјади евра, и надворешен и внатрешен долг.