Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа – Еди Херн – поднел официјално барање до Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) да направи исклучок и гест кон неговиот клиент и да не му го одзема појасот.
„На 11 мај ИБФ доби барање од Херн да направи исклучок со Џошуа и да не му го одзема појасот, иако задолжителната одбрана против Кубрат Пулев нема да биде спроведена во предвидениот рок. Го очекувам одговорот на тимот на Пулев, ако „Зауерланд“ се согласуваат на чекање, ИБФ ќе процени дали да Џошуа ќе ја задржи титулата“, објасни претседателот на ИБФ, Дерил Пипалс, за специјализираното списание Ворлд боксинг њуз“.
Exclusive: IBF consider Matchroom exception request for Joshua v Klitschko II, await Pulev reply https://t.co/srT9D8Uv7y @SauerlandBros
— World Boxing News (@WorldBoxingNews) May 17, 2017
Предметниот исклучок се состои во тоа што Џошуа сака ем да го задржи шампионскиот појас на ИБФ, ем да не го почитува официјалниот предизвикувач и да направи реванш против Владимир Кличко (се зборува дека датумот за овој дуел е 28 октомври).
Ако во реалноста има таков реванш, тогаш идејата на Еди Херн е дури потоа Џошуа да го брани појасот против Пулев. Во принцип, боксерските организации ги одземаат шампионските титули на боксерите кои навреме не ги исполнуваат задолжителните одбрани. Последен пат тоа му се случи на Тајсон Фјури, бидејќи му претстоеше реванш против Владимир Кличко, а потоа имаше и позитивен допинг тест.