Македонскиот воин – Даниел Стефановски изминатиов нокаут во првата рунда на Цирихер Кампфнахт во категоријата до 81 килограм во К-1 го совалда Лоренцо Доменикини. Даниел ги изведе своите познати летечки колена и со аперкатите го прати на Доминикини на подот.
„Противникот има повеќе од 50 професионални борби и беше повисок од мене, а и технички силен борец. Впрочем, тој е и италијански шампион. Како што секогаш гледам брзо да ја завршам борбата, искрено верував дека ова ќе биде тешка борба, но ова е кик бокс и еден удар решава се“, изјави за Ipon.mk Даниел Стефановски.
Стефановски во гледалиштето имаше голема поддршка од нашинците во Швацарија и од тој дел на Европа, а организирано го бодреа претставниците на македонскиот клуб во Швајцарија Пирок МК.
„Навистина ме рдаува фактот што имаше многу наши луѓе во салата, а особено од Пирок МК. И благодарам на сите Македонци за поддршката“, потенцираше Стефановски.
https://www.facebook.com/topteamzuerich/videos/1464792360235704/
Ipon.mk/В.Д.