Емоци имало и секогаш ќе има, тие се најважни, вели сезационалниот 18-годишник, Борче Талвески од Нинџицу клубот Битола, кој синоќа го совлада многу посикусниот хрватски борец Ивица Трушчек, при што хрватските медиуми беа шокирани. Тие нагласија дека во втората профи борба Талевски ја извојува и втората победа на премиерното издание на Муња фајтинг чемпионшип во Загреб во познатата сала „Кутија шибица“.
„Да, со моите 18 години го победив еден од најдобрите борци на Балканот, но не сум најдобар, ова е мојата втора борба и втора профи победа. Мојот сон е влез во УФЦ и еден ден да се борам во Њујорк и да станам шампион на најпрестижната организација во светот. И, да докажам дека и во Македонија има борци гладијатори во кафезот“, изајви за IPON.mk Борче Талевски, кој пред одењето рече дека со 18 години ќе се обиде против најдобриот да биде најдобар.
Во кои елементи го надмудри Трушчек?
-Во брзината на техниката и најмногу во втората рудна, кога борбата беше во стенд-ап го претепав како магаре а судијата, не знам зошто, не ја прекина борбата. Требаше да се прогласи како технички нокаут.
Дали она што го посочи дека тој е слаб партераш беше пресудно?
-Не, не беше пресудно! Јас го завршив со удари. Партерот само го почнавме, а ударите беа упатени во главата на Трушчек беа бомбастични.
Дали спуштањето во пониска категорија ти донесе поголем брзина?
-Спуштањето во пониска категорија ми донесе поголема кондиција, за да ги издржам двете рунди со најголема динамика и да го натерам Трушчек да бега по кафезот.
Хрватските новинари се шокирани од поразот на Трушчек. Како те доживеа ја тие?
-Хрватските новинари беа зачудени со тоа што го изведов. Како што кажав и докажав дека сум борец со срце. Трушчек е вистинска ѕвезда во Хрватска и пошироко, го сакаат и го обожаваат како вистински борец.
Каде ќе биде следната борба?
-Мојата следна борба е во Германија. Трета борба и ќе очекувам трета победа. Досега сум непоразен, верувам дека така и ќе остане.
Ipon.mk/В.Д.