ЕКСКЛУЗИВНО – Бени Османоски: Нема врска дали е Глори или Белатор или којабило друга организација, јас сум носител на 3 светски титули!

Beni pobenik IKSA st

Мината недела Бени Османоски ја освои светската титула на ИСКА во К-1, со што покажа дека и оваа година од него може да очекуваме врвни остварувања. Бени Османоски го освои појасот во К-1 на ИСКА Ворлдчемпион во Луцрен, Швајцарија, на „Луцерн фајт најт-гала микс тај бокс и К-1, совладувајќи го Абдел Мулај од Франција во категоријата до 82,5 килограми со нокаут во втората рунда.

Beni sopojasot iprotivnikot ISKA

Дали беше така едноставно да се освои светската титула?

-Не беше така едноставно. Сите што го гледаа видеото видоа дека противникот беше многу добар и со големо искуство. Инаку тој е носител на титулата „Кинг оф д’ринг“ на најголемата организација во Фаранција. Бев многу подготвен за борбава се спремам со специајни тренери.Beni so pesnica ISKA

Имавте поголема пауза. Како се одрази таа на твојата форма?

-По поразот во декември имав двомесечна пауза, која многу добро ми дојде, и за телото и за психата.

Што значи оваа титула во ИСКА? Дали мозе да оцекуваме настап во некоја од престизните организации, како Глори, сега и Белатор Дајнамајт?

-Веднаш добив шанса да се борам за ИСКА- светската титула, бидејќи бев носител на европска титула во истата организација и бев воодушевен и дадов се од себе да ја освојам.

Како што сите знаат ИСКА е најаката организација во светот. Преку неа се организираат и Глори и Белатор Дајнамајт, така што, сега, јас сум носител на титулата, па ќе видеме што ќе има во иднина. Битно е кој е плаќа, тогаш сум таму и јас (хахаха).

Нема врска дали е Глори или Белатор или којабило друга организација, јас сум носител на 3 светски титули во тај бокс и К-1.

Сега набрзо настапуваш и на Фајт 4 вор. На оваа приредаба ќе настапуваат и некои регионални борци, а како што гледам и уште еден натапрвераувач од Македонија. Кажи  нешто повеќе за овој настан и за твојот проривник?

-Овој настан е супер ивент кој се одржува секоја година. Досега три пати се борев и забелеаж толку победи. А против кој ќе се борам уште не се знае. Јас ќе бидам подготвен за секого. Но, сигурно ќе биде некој на мое ниво, бидејќи не прифаќам борби со неискусни борци и немаат почитување спрема овој спорт. Значи, тој што ќе има можност да се бори против мене треба да биде на мое ниво и силен иискусен борец.

Beni so grk sledna borba

Минатата година имаше повеќе настапи и еден со членот на ММА Спирит од Германија, Самир ал Менсури од Марко, кој го загуби на „Микс гала фајт“ во Франкфурт-Германија во К-1 со нокаут во третата рунда. Ќе има ли реванш?

-Дали ќе има реванш се уште не знам, но моментално тое е во мирување, па ќе видиме што ќе биде. Сега сум концетриран на овие борби што доаѓаат, па, со Господ напред, се ќе биде во ред.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON