ЕКСКЛУЗИВНО: Ален Амедовски потпиша за УФЦ

Непоразениот македонски борец Ален Амедовски потпиша договор со УФЦ.

Нашиот Амедовски има скор од 8-0 во MMA и сите негови борби се завршени со нокаут во првата или втората рунда. Амедовски забележа две бробиво Белотор, а во последната против Ибрахим Мане победи со нокаут за 12 секунди, што не е непознато за него, бидејќи во 2015 година го нокаутира својот противник за 11 секунди. Има 30 години и се натпреварува во средната категорија.

„Ова е моето патување, знаев дека нема да го завршам својот работен век работејќи во фабрика. Не без задоволен со својот живот. Секој ден кога ќе се разбудам во главата ми се две работи – семејството и ММА. Спиев на под, имав само пет евра за храна, ама јас продолжив да сонувам. Сè вложив во себе, сè жртвував. Секогаш бев оддалечен од мојот син, ос мојата сопруга, знаејќи дека тие моменти не се враќаат. Никој не веруваше во мене, никој освен самиот јас“, напишал Амедовски со потпис УФЦ.

Тој е член на Американ Топ Тим од Рим, каде тренира со славниот Алесио Сакара, а ќе се бори во средна категорија. Засега не е познато кога ќе дебитира во ултимејтфајт спектаклите.

https://www.facebook.com/alen.amedovski/posts/10216005014112234

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО