Стручниот штаб на Вардар се засилува пред квалификацискиот турнир за учество на Олимпијадата во Рио, како помош за вардаровите репрезентативци Халил Зубаиров и Мохамедгаџи Нуров. Поранешниот борач на Спартак од Кочани во 90-тите години на минатиот век и бугарски репрезентативец, Сертел Карабаџхаков (познат како Севдалин Тодоров) ќе ги пречека нашите борачи во Истанбул.
Тој моментално живее и работи во Истанбул , кој што со задоволство ја прифатил молбата за соработка со македонската репрезентација и стручниот штаб на БК Вардар.
Карабаџхаков ќе ги дочека и ќе се погрижи нашите репрезентативци да ги добијат сите услови за престој и навреме да ги добијат потребните информации за натпреварувањето, се до една цел: репрезентативците да дојдат до олимписка норма во Истанбул.
Ipon.mk/В.Д.