Eвропската карате федерација го одложи сениорското првенство кое требаше да се одржи во Баку (Азербејџан) од 25 до 29 март, поради коронавирусот.
„Одлуката за откажување на настанот е донесена заради мерките на организаторите на настанот Националната федерација на Азербејџан и по резолуцијата на владата на Азербејџан да преземе вонредни мерки за борба против појавата на коронавирусот“, истакнуваат од ЕКФ.
Така, оваа земја има ограничувања бројот на меѓународни патници кои пристигнуваат во држвата, при што двонеделниот карантин е задолжителен на сите кои пристигнуваат во Азербејџан. Отповикани се новите и постојните електронски визи, а се повлекуваат и хотелските резервации.
„Бидејќи здравјето и благосостојбата на спортистите се апсолутен приоритет на ЕКФ, оваа одлука следи по определбата на меѓународното управно тело на каратето да обезбеди безбедност на натпреварувачите, вработените и службениците“, велат од ЕКФ.
По одлуката на Извршниот комитет на ВКФ, откажувањето на сениорското првенство на ЕКФ во 2020 година подразбира дека олимпискиот пласман останува непроменет. Сениорското првенство на ЕКФ 2019 година што се одржа во Гвадалахара (Шпанија) ќе биде тогаш последниот европски континентален настан што ќе биде вклучен во олимпискиот пласман.