Екатерина Усик со нов напад на Русија (ФОТО)

Сопругата на шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО во тешка категорија Александар Усик, Екатерина, повторно проговори за ситуацијата во Украина. Овој пат таа објави фотогрфаии од Мариупол, пак не штедејќи ја „учтивоста“ кон руските владетели.

„Мариупол. Градот кој досега најмногу настрада. Денес е уште повеќе уништен. Многу цивили загинаа. Не знам што ќе се случи понатаму, но гледајќи се, не можам да верувам каква е оваа 2022 година“, напиша Екатерина.

„Како да се запре оваа сатана кој веќе однесе илјадници животи. За мене Мариупол е вистинска болка“, напиша партнерката на Усик.

Екатерина е една од најредовните корисници на социјалните мрежи, која секојдневно објавува фотографии од Украина. Таа е една од најчестите напаѓачи на Русија, Владимир Путин и руските војници поради војната во нејзината татковина.

Таа објави и фотографии од уништените цркви.

Пред неколку дена, куќата на сопругата на светскиот шампион беше гранатирана од руски војници во Ворзел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON