Денеска во раните утрински часови во Конектикат на Белатор 253 Еј Џеј Мек Ки и Даријан Колдвел ги одмерија силите во полуфиналето на перо категорија, при што мечот заврши релативно брзо, Мек Ки го победи поранешниот шампион во петел категоријата за 71 секунда. На почетокот на битката Еј Џеј се обиде да го удри со ногата во главата, но Калдвел го избегна тоа.
Размена на удари, по што Колдвел се фрли во ногата на Мек Ки, таја пренесоа борбата на партер. Еј Џеј зададе удари со лактите, потоа примени зафат за предавање и го принуди противникот да се предаде.
Со оваа победа Еј Џеј остана непоразен во ММА и се пласира во финалето и да се бори за шампионската титула во категоријата. Мек Ки веќе држи рекорд од 17-0 во ММА. Тој ќе чека битка со победникот од мечот меѓу шампионот Патрисио Фреир и Емануел Санчез.
Белатор 253 – Резултати:
А.Ј. Меки – Дарион Колдвел со ЗАВ 1, 1:11
Џејсон Џексон – Бенсон Хендерсон со одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Џои Дејвис – Боби Ли со одлука на судиите (30-26, 30-27, 30-27)
Рауфон Стот – Кит Ли со одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Џереми Кенеди – Мет Бесет со одлука на судиите (30-27, 30-26, 30-26)
Џалеил Вилис – Марк Лемингер со одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28)
Џеј Џеј Вилсон – Серхио ДеБари со КО 1, 0:20
Кахим Мареј – Кевин Фергусон јуниор со одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Саливан Коли – Џејсон Маркленд со ТКО 1, 0:28