На Светското првенство во борење за сениори во Будимпешта, Унгарија, од 20 до 28 октомври, Македонија ќе настапи со двајцата борачи во слободен стил. Боите на Македонија ќе ги бранат натурилизирани Македонци, Могамедгаџи Нуров (-97 кг) и Валдимир Егоров (-57 кг).
Во категоријата на Нуров има 31 борач, а кај Егоров 30. Нуров на Медитеранските игри го освои златниот медал, а на големите натпревари стигнуваше до петото место. Егоров е надежен борач кој може да оствари добар резултат.
Ipon.mk.