На Светското првенство во борење за У-23 од 1 до 7 ноември во Белград, Србија, Македонија ќе ја претставуваат тројца борачи.
За Македонија ќе настапат во 74 кг Серхан Шакиров , 92 кг Столе Ефтимов и 125 кг Реџеп Хајдари. Тие ќе се натпреваруваат во слободен стил.
На СП во Белград ќе настапат 620 борачи од 58 држави.