„Мила Рељиќ е 5-та на Европските игри во Полска! Браво Мила!
Две победи над Норвешка и Италија, есктремно тесен пораз со 8-8 во последната рунда од Чешка, една од најдбрите таеквондистки во нашата категорија. Во борбата за бронзен медал не запре трократкната светска бронзена медалистка, извонредната британка Ајала Пауел.
Одиме понатака, следен пат со медал“, напиша на Фејсбук тренерот на Мила Александар Ефтимов.