Една милијарда ќе чини турнир меѓу Усик, Фјури, Џошуа и Вајлдер

Дилиен Вајт го коментира потенцијалниот голем турнир во тешка категорија на кој треба настапат ѕвездите Тајсон Фјури, Александар Усик, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

Потсетуваме дека британскиот новинар Сајмон Џордан неодамна изјави дека борбите Фјури-Усик и Џошуа-Вајлдер би можеле да се одржат на крајот на 2023 година во Саудиска Арабија.

Вајт верува дека тоа може да се случи, но за невидена милијарда долари.

„Што е потребно за да се организира супер турнир во Саудиска Арабија со Фјури, Усик, Џошуа и Вајлдер? Да, тоа може да се направи. Но, ова е професионален бокс.

Четири огромни имиња и сите се во различни организации. Ќе биде многу тешко да се соберат сите додека не дадат 1 милијарда долари“, рече Вајт во интервју за Јутјуб каналот на ИФЛ ТВ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @_combatculture_

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON