Единствениот македонски инструктор за класични јапонски самурајски и нинџа вештини, Игор Довезенски, денес патува во „Земјата на Изгрејсонцето“ на уште едно тринеделно усовршување со своите учители.
Според работниот распоред, Довезенски ќе посети неколку доџо-а, а најмногу време во тренинзи ќе помине со легендарниот Рисуке Отаке, учител на најстарата јапонска школа за мечување Теншин Шоден Катори шинто рју буџутсу. Секако, незбежни ќе бидат и тренинзите со последниот нинџа мајстор на планетава, Масааки Хатсуми, инаку долгогодишен учител на Довезенски за неколку нинџутсу школи.
По враќањето од Јапонија, договорено е негово интервју за ipon.mk. Следете не. На македонскиот Самурај му посакуваме добар престој и уште подобри тренинзи со своите учители.
Ipon.mk