Водечкиот промотор во боксот, Еди Херн, е убеден дека треба да се преземат мерки за да се спаси боксот од растечката популарност на Јутјуб блогери. Британецот е на мислење дека сите во боксот треба да се обединат и да организираат навистина одлични борби. Во спротивно, сите пари ќе одат во ММА и блогерите.
„Во иднина може да има уште повеќе битки како онаа меѓу Логан Пол и Флојд Мејведер. Освен ако не започнеме со средување на вистински мечеви. Ако боксерите, менаџерите и промоторите не успеат да направат добри борби, ТВ-операторите ќе бараат производ што крева галама и генерира голем број платени преноси“, рече Херн.
„Луѓето во боксот сега треба да станат и да кажат: „Ајде да правиме одлични борби“. Затоа што ако не успееме да го задржиме нашиот производ на врвот, ќе има повеќе и повеќе од тоа – битки во кои се вклучени sвезди на социјалните мрежи“, додаде Британецот.