Еди Херн за Нгану: Рано е за Ентони Џошуа

Познатиот промотер Еди Херн ја коментираше желбата на Френсис Нгану да се бори со Тајсон Фјури или Ентони Џошуа.

На почетокот на овој месец Нгану се раздели со УФЦ. Oдби да го продолжи договорот со УФЦ за да ги следи милионите во боксот. Френсис им фрли ракавица на Џошуа и Фјури. Тајсон одговори велејќи дека ќе се бори со Нгану ако пропадне неговата борба со Александар Усик.

Херн верува дека Нгану е сè уште премногу далеку од големите имиња во боксот. Еди го советува Нгану да дебитира и потоа да ги побара големите борби во боксот.

„Нгану против Џошуа или Фјури е несовпаѓање. Рано е да се зборува за тоа додека не го видиме овој човек во рингот. Значи, ако сум Нгану, еве што би направил.

Би правел неколку борби и би работел на себе. Така, ќе стигнам до ниво каде што можете да зборувате за можноста за борба со Џошуа“, изјави Херн.

Факт е дека Нгану нема да може да ги привлече големите имиња додека не дебитира во боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON