Еди Херн: Во реваншот ќе видиме друг Ентони Џошуа

Еди Херн е на мислење дека неговиот клиент Ентони Xошуа може да победи во реваншот со Александар Усик. Тие се бореа минатиот викенд, а Украинецот победи со едногласна одлука.

Промоторот тврди и дека AJ привлекува најмногу фанови во тешка категорија.

„Џошуа моментално е на повисоко комерцијално ниво од Тајсон Фјури. AJ е името што најмногу привлекува во тешка категорија, особено во Велика Британија. Тимот на Фјури го знае тоа“, рече Херн.

„Ако Џошуа го победи Усик, тогаш тој е на друго ниво. Ќе се врати по уште еден пораз. Видовте минатиот викенд, погледнете ги сликите – невозможно е друг боксер да привлече толку многу публика и емоции“.

„Ќе биде различен борец на реваншот, ви велам. Ќе видите друг Ентони Џошуа во таа битка. Разочарувањето ќе се претвори во одмазда. Ќе видиме трикратен светски шампион, ова е новиот сон“, додаде Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON