Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа годинава боксираше двапати и победи и двата пати, во април го победи Џермејн Френклин, а четири месеци подоцна во седмата рунда го нокаутира Роберт Хелениус.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, се надева дека наскоро ќе договори нова борба за Еј Џеј, а се чини дека не се откажува од натпреварите против Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури.
„Борбата против Фјури треба да се случи“, рече Еди Херн во подкастот Stick To Football и продолжи:
„Дури и ако Еј Џеј загуби од Вајлдер, а Фјури од Усик, таа борба мора да ја видиме“.
Сопственикот на Мечрум апсолутно верува дека Ентони Џошуа може да ги шокира Вајлдер и Фјури.
„Знам дека ќе звучи пристрасно, но мислам дека Еј Џеј може да го победи Вајлдер, а потоа Фјури, верувам дека има стил да го направи тоа“, изјави Еди Херн.
Херн додава дека потенцијалната борба меѓу Џошуа и Фјури најверојатно би можела да се случи на Блискиот Исток.
„Парите станаа важни во спортот и во фудбалот и во боксот. Кога ќе организирате борба на туѓ терен, ќе заработите три пати повеќе. Ние бевме првите што дојдовме во Саудиска Арабија кога Еј Џеј се бореше против Енди Руиз Јуниор“, рече Еди Херн и продолжи:
„Го застапувам борецот и кога разговарам со него му велам: „23 милиони евра за Вембли или 69 милиони евра за Саудијците“. Никој нема да размислува премногу за тоа што е поисплатливо. И јас немам право на глас, но ако ме прашаат ќе ја изберам Саудиска Арабија. Тоа е игра, а боксерите се борат за награди. Нема да играат голф“.
Потоа прашан колку Џошуа и Фјури можат да заработат од борбата во Саудиска Арабија, Херн одговори:
„Секој би можел да заработи повеќе од сто милиони евра. Ако Фјури го победи Усик, а Еј Џеј е подобар од Вајлдер и ако успееме да им договориме пресметка, двајцата ќе заработат повеќе од 100 милиони евра“!