Реваншот за светската титула меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа е закажан за 23 јули, но се уште не е познато каде ќе се одржи настанот.
Непоразениот Украинец ќе го брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кој ги освои лани во септември со победата против Џошуа.
Со тој пораз на стадионот на Тотенхем Британецот ја уништи можноста да се бори за обединување на титулите против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, кој неодамна го одбрани појасот со победата против Дилиен Вајт.
Џипси Кинг го совлада предизвикувачот со одличен аперкат на крајот од шестата рунда.
Многумина веруваа дека Фјури ќе го чека победникот меѓу Усик и Џошуа, но шампионот на ВБЦ објави дека се пензионира. Тоа го повтори неколку пати минатата недела.
Тимот на Џошуа верува дека Фјури ќе го предомисли и ќе го промени своето мислење, а истото го прави и Ленокс Луис кој тврди дека Џипси Кинг нема да одбие да се бори со Еј Џеј.
Познатиот промотер Еди Херн во пресрет на мечот Фјури – Вајт изјави дека победникот од тој меч ќе се бори против подобриот од дуелот Џошуа – Усик.
„Победниците ќе се борат за обединување на титулата. Верувам дека Џошуа ќе го победи Усик во реваншот, а потоа ќе се бори со победникот од тој втор меч и ќе ги освои сите шампионски појаси. Ќе го поддржам Џошуа во таа желба“, изјави Еди Херн, додавајќи дека му е жал што Џошуа се уште не се борел против Дионтеј Вајлдер.