Сопственикот и промотер на Мечрум, Еди Херн, изјави дека кариерата на Ентони Џошуа ќе биде завршена доколку загуби во април на настанот што ќе се одржи во лондонската О2 арена.
Но, сите очекуваат дека британскиот боксер по двата порази од Усик ќе се врати во меч против нешто послабо рангиран боксер во тешка категорија. Поразот во таа борба може да значи крај на кариерата.
На Џошуа веројатно ќе му биде јасно дека веќе нема што да бара во високото друштво, може само да продолжи да тоне, а дополнително да фрла сенка на сето она што го постигнал во кариерата.
Сега останува да видиме кој противник Херн и новиот тренер на Џошуа го избраа за неговиот камбек меч, кој треба да му ја врати разнишаната самодоверба.
„Еј Џеј сака голема борба ова лето, а онаа што има смисла треба да биде прилично лесно да се организира. Тоа е реванш против Дилиен Вајт“, изјави Еди Херн, додавајќи дека борбата треба да се одржи во јули:
„Со оглед на тоа што Еј Џеј се бореше во април и Дилиен можеби се бори во исто време, тој голем британски судир во тешка категорија може да се случи летото“.
Херн додаде дека Дилиен Вајт е подготвен да се бори со секого во моментов, а се посочуваат Дионтеј Вајлдер и Енди Руиз, а потоа да се врати на Џошуа.
„Тој ќе се бори во април, а ние со задоволство би почнале да зборуваме за мечот против Вајлдер после тоа. Сите сакаме Џошуа да се бори со Вајлдер во 2023 година. Тоа е голема борба“, рече Еди Херн и продолжи:
„Само ако имаме најголеми борби можеме да заработиме огромни пари. Сакам да ги направам вистинските работи за неговата кариера, но сакам и тој да биде во големи борби. Прво, Еј Џеј сака да биде на големите натпревари, а второ, сите сакаме да заработуваме“.
Познатиот промотер потврди дека целта оваа година е да се организира меч меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.
„Сакам да ја направам таа борба. Сакам да го натерам Тајсон Фјури да се бори. Многу сум среќен што Еј Џеј ќе ја има таа борба во април за да се врати на победничките патеки. Сакам да видам подобар Џошуа со нов тим. Навистина сум возбуден. На Ентони му претстои клучен меч, бидејќи пораз значи дека се е готово“, изјави Еди Херн и подвлече:
„Тоа би му бил трет пораз во низа, а доколку е добар и победи со нокаут во полна сала би можеле да кажат: „Се вративме душо“. Едвај го чекам тој момент, сакам кога не туркаат до ѕид. Тоа е еден од најдобрите моменти на Еј Џеј. И тој повторно би се борел против Усик, но сега е тешко да се каже“.
Херн се надева дека Џошуа ќе добие уште една шанса да му возврати на Усик, но засега целта е да се борби против Тајсон Фјури, Дионтеј Вајлдер, Дилиен Вајт…