Четворица насилници тепале девојка на улица. Потоа наишол поранешниот шампион на УФЦ

Белорускиот ММА борец Андреј Арловски раскажа како претепал неколку насилници кои физички малтретирале девојка на улица во Лондон.

„Излегов од ресторанот со моето семејство. Видов тројца или четворица Албанци на улица. Еден веќе ја удри девојката, ја виткаше косата околу тупаницата и ја влечеше за коса. Изгледаше како да сакаше да ја удри со колено во лице“, рече поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и продолжи:

„Дојдов до нив и им реков: Среќна Нова година, што правите? Едниот ми рече да не се мешам, а секако беше пијан, другиот стоеше на левата страна и ме удри така што ме фати за уво. Не се двоумев, го оттурнав и го нокаутирав Момчето што ја држеше девојката со десната рака, јас го направив тоа со десен аперкат. Го учам и мојот син да ги брани послабите“.

Дека полицијата стоела на страна и не реагирала откри и 43-годишниот Арловски кој има 23 победи во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО