Еди Херн сè уште се сомнева во боксерските квалитети на Вајлдер

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, 36-годишниот Дионтеј Вајлдер (42-2-1) е пред враќање во рингот.

По двата порази од Тајсон Фјури, американскиот боксер се враќа на 15 октомври во меч против финскиот боксер Роберт Хелениус (31-3). Борбата ќе се одржи во Баркли центарот во Њујорк.

Промоторот Еди Херн смета дека на Бронзениот бомбардер нема да му биде лесно против силниот Финец.

„Се сомневам во боксерските способности на Вајлдер, но тој е одличен удирач, возбудлив и брилијантен за тешката категорија“, изјави Еди Херн.

Следен противник на Вајлдер е 38-годишниот Хелениус кој ја доби својата шанса по двете убедливи последователни победи против Адам Ковнацки.

Херн верува дека Финецот има боксерски квалитети, но тие во моментов се пренадувани.

Но, не ги отфрла целосно шансите на Хелениус за победа против Бронзениот бомбардер.

„Победата против Конацки му донесе малку поголема слава на Хелениус, но впечаток е дека Адам полека ја завршува кариерата, но во него се уште има оган. Роберт е големн борец. Мислам дека може да падне под притисок, исто како и повеќето кога станува збор за Дионтеј Вајлдер. Но, сепак мислам дека Хелениус може да победи“, додаде Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON