Еди Херн: Сакаме борба Џошуа – Вајлдер до крајот на годината, може и во САД

Промоторот на шампионот на ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) Еди Херн изјави дека не се грижи и да го испрати својот боксер во САД за мегабитка со шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КO).

Сепак, пред тоа Џошуа ќе мора да победи во друга супербитка за обединување на појасите со шампионот на ВБО Џозеф Паркер (24-0, 18 КО) на 31 март во Кардиф, Велс. А Вајлдер треба успешно да ја одбрани титулата против Кубинцот Луис Ортиз (28-0, 24 КО) на 3 март во Бруклин, Њујорк.

„Сакаме борба со Вајлдер до крајот на оваа година и дури сме согласни да ја направиме во САД. Нашиот план е да се боксира три пати оваа година – на крајот на август, а потоа и на крајот на декември. Сепак би сакале битката да биде во Велика Британија, но не сме загрижени ако треба да биде и во Америка“, изјави Херн.

Сепак, Херн признава дека очекува многу тешки преговори за постигнување на финансиски договор за борбата со Вајлдер. Во неодамнешното интервју Американецот изјави дека нема да се согласи на помалку од 50 проценти на поделба на приходите меѓу двете страни. Од друга страна, Џошуа кој ќе зараноти помеѓу 65-70 отстѕо од приходите на средбата со Паркер, никогаш нема да се согласи на поделба 50-50 со Вајлдер.

„Барањата на Вајлдер ќе ги направат преговорите незгодни, бидејќи ако седнете на масата со три појаси наместо со еден, тогаш ќе сакате поголемо парче од колачот. На Вајлдер сепак му претстои вистинска борба со Ортиз и евентуалната победа ќе му придаде поголема“, додаде Херн.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON